Убедлива победа на Шкендија против Шкупи во Тетово
Шкендија рутински славеше над екипата на Шкупи, испраќајќи шест гола во мрежата на тимот од Чаир. Со доминантна игра во текот на целиот натпревар, тетовските „црвено-црни“ покажаа супериорност на домашниот терен. Натпреварот започна со иницијатива на домашните. Првата посериозна закана дојде преку Бесарт Ибраими, кој шутираше од тежок агол, но топката









