Класичниот бисер „Жизел“ во изведба на Националната опера и балет
Балетот „Жизел“ од Адолф Адам ќе биде изведен на 27 февруари со почеток во 19.30 часот на сцената на Национална опера и балет. Во насловната улога – Жизел ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, додека улогата на Алберт ја толкува Балаж Лочеи. Како Мирта настапува Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион – Бобан Ковачевски. Во изведбата









