Дејан немаше милост, со еден потег го прати противникот „на спиење“
Освојувачот на олимпиското сребро, таеквондистот Дејан Георгиевски на најдобар можен начин го отвори настапот на Бугарија Опен Г2 турнир во Софија. На овој исклучително силен турнир на кој се добиваат и олимписки бодови и на кој учествува целата таеквондо елита, Георгиевски на спектакуларен начин стигна до победа против Андреј Поп од Романија.

