Над 4.300 заболени во Гостивар: Здравствените власти велат дека најтешката фаза е зад нас
Бројот на новозаболени лица поврзани со епидемијата во Гостивар продолжува да опаѓа, а здравствените власти оценуваат дека најкритичниот период е зад нив. Според најновите податоци, до денес попладне се регистрирани уште 109 нови случаи, со што вкупниот број на заболени достигна 4.303. Министерот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека во изминатите










