Хорор: Двегодишното дете било погодено со залутан куршум додека гледало огномет?!
Скопје Инфо дознава нови детали за тешкиот инцидент во кој двегодишно дете беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ. Според информации до кои дојдовме, детето се наоѓало со својата мајка надвор, каде што се гледал огнометот. Во еден момент, додека мајката го држела во раце, детето било погодено од метален проектил, најверојатно залутан куршум,










