На „Авива“ против Ирска, ќе се лечат раните од Копенхаген
Секој пораз остава болка, но кога тој значи и прекин на сонот за пласман на Светско првенство, раните се длабоки. Данска ја совлада македонската репрезентација убедливо, ставајќи крај на надежите за Мундијалот. Вечерва од 20.45 часот, пет дена по тој дебакл во Копенхаген, македонската репрезентација ќе се соочи со Република Ирска во Даблин, во дуел










