Димитриеска-Кочоска: Потврдата на кредитниот рејтинг е силен сигнал да продолжиме по истиот пат – да балансираме помеѓу инвестициите, фискалната консолидација и навремено сервисирање на обврските
Mинистерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на нејзината Фејсбук страница објави дека Македонија го задржала кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. „Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен сигнал да продолжиме по истиот пат“, вели Димитриеска-Кочоска во објавата










