„Турандот“ на Пучини на 9 октомври на сцената на Националната опера и балет
Националната опера и балет на 9 октомври, со почеток во 20 часот, ќе ја изведе операта „Турандот“ од Џакомо Пучини – едно од најпознатите дела во оперскиот репертоар, препознатливо по грандиозната музика, драматичната приказна и вокалните моменти. Со изведбата ќе диригира Џанлука Мартиненги од Италија, додека режијата, сценографијата и костимографијата








