Несреќа утрово на експресниот пат Штип – Радовиш, возило излетало од патот
Сообраќајна несреќа се случила утрово на експресниот пат Штип – Радовиш. Според информациите од терен, неофицијално 40-годишен возач од Струмица со „мицубиши“ излетал од пат и останал заглавен во возилото. Интервенирала Противпожарната служба за да го извадат од возилото. Неофицијално, возачот е повреден, а причинета е голема материјална штета на возилото





