Вардар денеска игра против единствениот тим на кој му нема дадено гол оваа сезона
Два интересни меча се играат денеска во 19. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Вардар е домаќин на Башкими, а Пелистер во Битола ќе игра против Струга ТЛ. Вардар е лидер на табелата со 48 бодови и е без пораз сезонава, додека Башкими одлично го започна пролетниот дел од сезоната со реми без голови кај Силекс и победа од 1:0 дома над Пелистер,



