РАМА И ВУЧИЌ ДОБИЈА „НЕ“: ЕУ ја урна нивната идеја за влез во Шенген
Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја отфрли идејата на Еди Рама и Александар Вучиќ за пристап до Шенген зоната и заедничкиот пазар без полноправно членство во Европската Унија. Таа нагласи дека условите за влез во Шенген зона и Европска Унија се речиси идентични и бараат спроведување на сериозни и длабоки реформи, без можност за компромиси.










