Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на турнирот во Загреб
Mакедонската тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана уште во првото коло на турнирот во Загреб , откако претрпе пораз од Екатерина Казинова со 2:1 во сетови (1:6, 7:5, 6:4). И покрај одличниот старт и убедливиот прв сет, Ѓорческа не успеа да го задржи ритамот, па мечот заврши по два часа и 26 минути игра. И покрај овој резултат, сезоната продолжува.




