Од менингитис годишно умираат над 250.000 луѓе во светот
Над 250.000 луѓе ширум светот годишно умираат од менингитис, а повеќе од една третина од жртвите се деца помлади од пет години, покажува најнова британска студија објавена во медицинското списание „Лансет“. Според истражувањето, и покрај значајниот напредок во вакцинацијата против бактерискиот менингитис, болеста и понатаму претставува сериозен глобален

