Алкалоид е последниот учесник на Ф4 турнирот во Купот
Ракометниот клуб Алкалоид обезбеди место на завршницата во Купот на Македонија на која ќе го брани трофејот. Тимот на Кирил Лазаров во финалниот дуел од групата беше подобар од РК Пролет 62, кого го совлада со резултат 42:20. Најдобар кај стрелците во победничкиот состав беше Дамјан Митев со осум голови, а го следеше младиот Максим Гарбески со пет