„Храброста на храбрите“ го отвора 45. Скопски џез фестивал
Скопскиот џез фестивал годинава ќе започне со „Bravery of the Brave“ – „Храброста на храбрите“, проект на еден од најзначајните словенечки импровизатори Златко Каучич. Но зад насловот не стои само музички концепт. „Bravery of the Brave“ е општествено и политички мотивирана свита посветена на луѓето кои, и покрај пречките, наоѓаат сила да се спротивстават,








