„Приказни од Пизуловата воденица“ – еколошки роман за деца од Киро Донев
Еколошкиот роман „Приказни од Пизуловата воденица“ e новата книга за деца од познатиот писател Киро Донев што деновиве го објави „Македоника литера“. -Овој еколошки роман, пред сè, им е наменет на децата и младите, чијашто иднина зависи од нивниот однос кон Природата, кон нејзиниот севкупен животински и растителен свет, ама и кон нивната животна околина

