Трошоците за живот растат: Храната и пијалаците најмногу поскапеле во февруари
Во февруари 2026 година, трошоците за живот во Македонија бележат умерен раст, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС). На месечно ниво, трошоците се зголемиле за 0,2%, додека на годишно ниво растот изнесува 2,9%. Индексот на цените на мало во февруари бележи благо намалување од 0,3% во споредба со јануари, но сепак на годишно










