Без вода една скопска улица
Корисниците на улицата „Иван Манолев“ денеска ќе останат без вода поради уличен дефект. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека дефектот е на водоводна цевка со профил Ф-80 милиметри, на улицата „Иван Манолев“ бр. 37А. Водоснабдувањето е прекинато од 12:30 часот и ќе биде во прекин до завршување на санацијата на дефектот.








