Осмомартовски концерт со Дејан Милевски во „Света Софија“
По повод 8 Март – Денот на жената, Охридско лето организира свечен концерт со настап на гитаристот Дејан Милевски. Концертот ќе се одржи на 7 март со почеток во 20 часот во црквата Света Софија во Охрид, а влезот е слободен. Концертот е замислен како музичка честитка за сите жени и ќе понуди внимателно избрана програма што ги обединува барокната елеганција,








