Трамп: САД го победија Иран, но воените операции продолжуваат додека „работата не биде завршена“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „победиле“ во војната со Иран, но дека воените операции ќе продолжат сè додека мисијата целосно не биде завршена. „Не заминуваме додека таа работа не биде завршена. А тоа ќе се случи многу брзо. Ќе биде многу брзо“, изјави Трамп на настан во сојузната држава Кентаки,


