Сабаленка негира дека била непристојна кон Свитолина, но камерите ја издадоа
Арина Сабаленка се пласираше во финалето на Австралија опен, совладувајќи ја убедливо Елина Свитолина со 6-2, 6-3, а на социјалните мрежи и понатаму се коментира репликата на Белорусинката по освојувањето на последниот поен. Од усните на Сабаленка можеше да се прочита како вели „f**k you“. Сепак, светската број еден тврди дека кажала нешто сосема друго


