Кичево од денес е прогласено за Град на културата за 2026 година; Четири милиони денари за истакнување на културниот потенцијал на градот.
– Во текот на 2026 година, Кичево ќе стане динамична културна сцена, која ќе го открие своето богатство од традиции и историја, плурализам и современ креативен дух. Градот ќе понуди разновидна програма, исполнета со фестивали на традиционална и современа музика, театарски настапи и изложби, мултимедијални проекти, книжевни настани, поетски читања,










