Македонските танчери од „Dancers United“ со огромен успех на Italy World Cup 2026
Дваесет и три танчери од клубот „Dancers United“ од Скопје учествуваа на престижниот меѓународен натпревар Italy World Cup 2026, кој се одржа во Legnano, Италија, под покровителство на World Artistic Dance Federation (WADF). Светскиот куп во латино-американски танци собира натпреварувачи од различни земји, а присуството на македонски претставници претставува





