Историјата како опоменувач, приповест, метафора, палимпсест, амнестија/амнезија, анамнеза и анаформоза
Историјата е она што нè одвојува од нас самите, што мораме да го пречекориме и низ што мораме да поминеме за да можеме да се мислиме самите себе. Жил Делез РЕЗИМЕ Еден од поводите за овој текст е и одбележувањето на стогодишнината на македонската државност, Илинден. Токму снажното присуство во нашата јавност на настани и нарации од пред сто години

