Вечерва почнува Лигата на Шампиони, дербито е во Мадрид, Мурињо против Интер
Со првите шест натпревари од воведното коло, денеска стартува новата сезона на фудбалската Лига на шампиони. Од програмата денеска, најголемото внимание го привлекува дербито меѓу Реал Мадрид и Интер на „Сантјаго Бернабеу“. Првиот натпреварувачки ден носи пресметка на Жозе Мурињо против клубот со кој освои историска триплета во 2010 година, додека








