Кочани повторно е на нозе: Родителите на загинатите не се откажуваат од барањето за одговорност
Попладнево повторно низ улиците на Кочани, родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ организираа нов протестен марш. Тие сега се обединети во Здружението на граѓани „16-ти март 2025 Кочани“. Со маршот, тие уште еднаш побараа правда, отчет и одговорност за изгубените животи на своите деца. Ова е уште еден во низата протести. Симболичен