Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите се кренаа против авторитарното владеење на Еди Рама
Студентите и средношколците продолжија и денеска, четврти ден по ред, да протестираат против владата во Албанија, а демонстрациите се проширија освен во Тирана и во неколку други градови, каде што имаше судири со полицијата, која употреби и солзавец. Во Тирана, млади луѓе од главниот град и други делови од земјата се собраа пред Министерството за образование,










