Затекнати при нелегална сеча на 43 букови стебла во струшко, приведени двајца мажи
Двајца жители на струшкото село Подгорци биле лишени од слобода откако биле затекнати при нелегална сеча на 43 букови стебла во месноста Подгоречки бачила. Исечените дрва ги товареле во три патнички возила за нелегален транспорт. Од МВР информираат дека 46-годишниот Е.А. и 45-годишниот Р.А. биле затекнати на 16 октомври во 17 часот, при координирана










