Улици од Карпош без вода
Поради уличен водоводен дефект на цевка Ф100 мм на улица „Иван Манолев“ бр. 221, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица „Алпи“ и дел од корисниците од улица „Иван Манолев“. Прекинот започна во 13:20 часот и ќе трае до завршување на работните активности.



