Победи за Пелистер, Кожув и Работнички во кошаркарската Супер лига
Со вчерашните три натпревари беше комплетирано првото коло од кошаркарската Супер лига. Во дербито на колото во Битола, Пелистер го совлада ТФТ со 78:70. Во изедначен натпревар, домашниот тим ја оствари решавачката предност во последната четвртина, која ја доби со 24:17. На другите два дуели победија гостинските екипи. Работнички, предводен од капитенот


