Instagram конечно им овозможи на корисниците да го менуваат редоследот на објавите
Instagram го олесни креирањето на посакуваниот изглед и естетика на профилите. Апликацијата во сопственост на Meta конечно воведе можност за преуредување на мрежата (grid), речиси една година откако шефот на Instagram, Adam Mosseri, го најави доаѓањето на оваа функција. Според USA Today, корисниците ширум светот сега можат да ги преместуваат своите

