Сеќавање: 18 години без нашиот истакнат актер Стево Спасовски
Стево Спасовски е роден на 25 ноември 1940 година во Скопје. Тој беше познат македонски глумец, член во Младинско-детскиот театар (1959 – 1962), во Драмата на МНТ (1962 – 1964), а од 1964 година до пензионирањето во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и во ТВ-драми, во серии, на радио и на филм. Негов син е познатиот глумец Драган Спасов – Дац.

