45 години Michael Kors
Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од постоењето на брендот со впечатлива кампања за сезоната есен/зима 2026 година. Преку портрети во црно-бела техника проектот на кампањата ја слави нераскинливата врска меѓу високата мода и њујоршката сценска уметност.

