Украина повторно го нападна Кримскиот мост: Русија го запре железничкиот сообраќај
Украинските сили повторно го нападнаа Кримскиот мост во текот на ноќта, помалку од два дена по нападот во кој се урна цел дел од овој клучен руски транспортен премин, пишува украинскиот весник „Киев индепендент“. Руското Министерство за транспорт соопшти дека железничкиот сообраќај преку мостот привремено е прекинат поради напад со украински дронови








