Синот ја издаде мама на тато (виц)
Таткото седи во дневната соба и гледа телевизија, додека малиот син си игра низ куќата. По некое време, детето доаѓа со нешто во раката и љубопитно прашува: – Тато, за што служат овие свиткани меурчиња? – Аман бе дете, колку пати треба да ти кажам да не ми пребаруваш по џебовите?! – Не ти пребарував по џебовите, овие ги најдов во чантата на мама.

