Деца учеа и твореа на Летна школа за македонски јазик во с. Селце, Хрватска
Летна школа за македонски јазик во Република Хрватска се одржа во с. Селце. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а се остварува со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет





