Ајварката ги крена производителите на нозе, не може постојано едни да печалат на грбот на другите
Револтот поради ниската откупна цена на црвената пиперка повторно ги извади струмичките земјоделци на улица. Со трактори и со земјоделска механизација, производителите од Струмичко протестираа пред подрачното одделение на Министерството за земјоделство, барајќи повисока цена за ајварката, која во моментов се откупува за само 25 денари за килограм.










