Оливера Ќорвезироска: Се обидов „Две Марии“ од Славко Јаневски да ги разбудам како „Три Марии“; Врачена наградата „Роман на годината“
-Постојано и отсекогаш, не само минатата и оваа година кога имав можност тоа да го повторам многупати, велам дека ништо никогаш не почнува со нас. Во ниедно време, со ниедна генерација, формација, правец или писмо, никогаш ништо не се почнува од почеток, туку само се продолжува и се надоврзува на нешто што било претходно. Ова не е нешто што само го










