„Милион ѕвезди“ – нова балада од Валдера во духот на старите хитови
„Милион ѕвезди” е најновата композиција што младиот, симпатичен, харизматичен и енергичен Влатко Иљачев-Валдера неодамна ја претстави и ја промовираше пред македонската публика. Создадена од музичката работилница на најдобриот – маестро Григор Копров, оваа композиција го носи сето она што и би го очекувале – многу љубов, емоција, занес и мелодија,



