Сабаленка го освои турнирот во Мадрид
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка стана шампионка на турнирот во Мадрид. Во финалето на Мастерсот 1000, тенисерката број еден во светот вечерва ја победи Американката Коко Гоф, која е рангирана на 4. Место, со 6:3 и 7:6 (7:3). Мечот траеше 1 час и 41 минута. Сабаленка сервираше два аса, направи две двојни грешки и реализираше четири брејк топки