Новите газди на „Еурокомпозит“ ќе произведуваат панцири, шлемови и дронови
„Еурокомпозит“ имаше неизвесна судбина повеќе од 15 години и од 2021 година беше во стечај. Стечајниот судија во прилепскиот суд, Јасмина Шишковска, го прифати планот за реорганизација, со што фабриката, конечно, беше продадена и првата рата веќе им е исплатена на доверителите. Сумата од 4,2 милиони евра покрива 65 % од побарувањата на доверителите,





