Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица
Во Националната галерија – објект Мала станица, денеска ќе биде отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Овој традиционален настан претставува неселективна презентација на творештвото на сите членови на ДЛУМ во текот на изминатата година, создавајќи автентичен портрет на актуелната визуелна уметничка сцена.





