Лошата судбина на венчавките во Лас Вегас – по сјајот следуваат разводи и правни битки
Секоја година, бројни познати и непознати парови од целиот свет патуваат во Невада за да ги разменат брачните завети во една од најпознатите брачни капели. Процедурата е едноставна – доволна е регистрација во службата за матични книги. Ова ги привлекува паровите, како хетеросексуалните, така и хомосексуалните, кои сакаат да ја крунисаат љубовта набрзина

