Бутел ќе добие модерна поликлиника
Новата поликлиника во Бутел наскоро ќе биде реалност. Ќе биде лоцирана на местото на старата амбуланта. Таа ќе има два ката и посебен подземен паркинг за да се надмине сообраќајниот метеж. -Деталниот урбанистички план е донесен и маркицата за изградба е спремна. Наскоро ќе се започне со изработка на основниот проект – соопштија од Општина Бутел.