ВМРО-ДПМНЕ: Филипче следи политики слични на оние на Заев во интерес на Софија
Во ново соопштение, ВМРО-ДПМНЕ повторно упати серија остро обвинувања до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека неговите ставови и настапи се совпаѓаат со, како што велат, интересите на официјална Софија. Од партијата го поврзуваат Филипче со политиките на поранешниот премиер Зоран Заев, оценувајќи дека тој продолжува по истиот правец во однос









