Германецот Фин во ултрас издание со македонските навивачи
Македонија и кога победува и кога губи, нашите навивачи веќе во континуитет покажуваат како се празнува настап на нашата репрезентација. Во Копенхаген го имаа и германското засилување Фин Ватчов, кој ужива што живее во Македонија, зборува македонски и редовно оди на спортски натпревари.

