Вардар нема да биде сам во Битола, и „комитите“ ќе грмат во „Боро Чурлевски“
Полусезоната во ракометниот шампионат на Македонија е пред самиот крај, а шлаг на досегашните возбудувања во Суперлигата ќе стават „вечните“ ривали, Вардар и Еурофарм Пелистер, во салата „Боро Чурлевски“, која и овој пат ќе биде исполнета до последното место. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра утревечерва, со почеток во 18:00 часот






