Повеќе од половина од ваучерите за набавка на инвертер клими се веќе подигнати
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на терен. Од вкупно 4.070 доделени ваучери, во периодот од 18 март до 25 март веќе се подигнати 2.084, што претставува повеќе







