ДУИ: Како Недим Рама, додека директорува со НОМАГАС, обезбедил капитал за инвестиции во „Мерцедес“?
ДУИ бара одговори за имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС, особено за инвестициите во Mercedes-Benz Group AG кои според партијата се сомнителни и треба да се проверат од антикорупциските органи за потеклото на капиталот. Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања









