Драма со среќен крај за македонските кадети, женската репрезентација со перфектен биланс оди во четвртфинале
Македонската машка кадетска репрезентација по голема борба успеа да слави против Република Српска со 27:25 во меч од третото коло на Светското училишно првенство во ракомет. Ова е трета победа во третиот меч за нашата селекција и останува уште во последното коло кое ќе се игра в недела, со триумф над Саудиска Арабија да го потврди првото место во групата










